Министерот Акар и командниот кадар на ТВС заминаа во посета на ТРСК

Министерот Акар и командантите во негова придружба во рамките на посетата на ТРСК ќе ја проследат воената вежба Медитеранска бура херој капетан Џенгиз Топел 2020

1489856
Министерот Акар и командниот кадар на ТВС заминаа во посета на ТРСК

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот кадар на ТВС во негова придружба заминаа во посета на ТРСК.

Заедно со министерот Акар, началникот на генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили Умит Дундар, командантот на поморските сили генерал на армија Аднан Озбал и командантот на воздушните сили генерла на армија Хасан Ќучукјилдиз по завршувањето на обиколката на Каш кај Анталија заминаа за Лефкоша.

Министерот Акар и командантите во негова придружба во рамките на посетата на ТРСК ќе ја проследат воената вежба Медитеранска бура херој капетан Џенгиз Топел 2020.



Слични вести