Чавушоглу: Не постои можност за компромис со Грција се додека не се откаже од нејзините максималистички приоди

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека не е можно да се постигне компромис со Грција се додека не се откаже од нејзините максималистички приоди на теренот

1490381
Чавушоглу: Не постои можност за компромис со Грција се додека не се откаже од нејзините максималистички приоди

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше гостин во програмата во живо на еден приватен телевизиски канал кадешто истакна дека Турција не направи отстапка во Источниот Медитеран како што се тврди од страна на некои средини и напомена дека бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ е укотвен во пристаништето на Анталија во рамките на рутинските активности коишто се реализираат секој месец периодично за одржување, смена на персонал и подготвување за следната мисија.

Чавушоглу рече дека поради тие причини не е објавена нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка), а воедно додаде дека турските бродови „Барбарос“ и „Јавуз“ ги продолжуваат своите активности.

Нагласувајќи дека не е можно да се постигне компромис со Грција се додека не се откаже од нејзините максималистички приоди на теренот, министерот Чавушоглу рече: „Се додека Грција не се откаже од картата од Севиља оваа затегнатост нема да заврши. Двете соседни земји (Турција-Грција) можат да разговараат директно. Меѓутоа, доколку Грција инсистира во предузлови и ние ќе поставиме предуслови.“

Мевлут Чавушоглу се осврна и на барањата во Европската унија (ЕУ) за санкции врз Турција во врска со што истакна дека тоа го бараат Франција, Грција и Кипарско-грчкиот дел, но истакна дека не се очекува да биде донесена таква одлука. 

Велејќи дека францускиот претседател Емануел Макрон не е чесен политичар и дека „е излезен од контрола“, Чавушоглу рече: „Франција покажува агресивност наоколу, сака да каже дека е лидер, меѓутоа да се вели 'јас сум лидер' не се станува лидер.“

Тој напомена дека и другите земји ја согледаа праведноста на Турција и го додаде следното: „Сте земји со кои разговараме се свесни и за гестовите коишто ги направивме ние. Но и покрај нашата праведност, дали би ја избрале Турција или Грција? Според мене би ја избрале Грција. Тоа пак, го нарекуваат ЕУ солидарност.“

Министерот за надворешни работи се осврна и на продажбата на оружје од страна на САД на кипарските Грци во врска со што истакна дека ваквиот фрлен чекор е во спротивност со меѓународните договори.



Слични вести