Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 63 починати, 1.716 нови случаи, 1.225 оздравени лица

Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 63 лица, дијагностицирани се 1.716 новозаразени, а оздравеа уште 1.225 пациенти; Досега починаа вкупно 7.119 лица, инфектирани се 292.878, а оздравеа вкупно 260.058 лица

1490499
Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 63 починати, 1.716 нови случаи, 1.225 оздравени лица

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 63 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 7.119 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 112.563 тестирања од кои се дијагностицирани 1.716 новозаразени.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 292.878 лицa.

Со отпуштање од болница на уште 1.225 излекувани вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 260.058 лица.



Слични вести