Во операцијата „Молња-11 Херекол“ кај Ширнак и Сиирт неутрализирани тројца терористи

Во рамките на операцијата „Молња-11 Херекол“ којашто продолжува во руралното подрачје помеѓу градовите Ширнак и Сиирт, се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1489729
Во операцијата „Молња-11 Херекол“ кај Ширнак и Сиирт неутрализирани тројца терористи

Во рамките на операцијата „Молња-11 Херекол“ којашто продолжува во руралното подрачје помеѓу градовите Ширнак и Сиирт, во југоисточниот дел на земјата, се неутрализирани тројца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Соопштение по прашањето е објавено од страна на Министерството за внатрешни работи во кое се вели следното: 

„Операцијата „Молња-11 Херекол“ којашто е започната во подрачјето Херекол кај Сиирт, продолжува со нејзино проширување. Во подрачјето помеѓу Ширнак и Сиирт од страна на екипите на градската команда на жандармеријата во Сиирт, се неутрализирани тројца терористи. Операцијата во подрачјето продолжува.“ 

Во меѓувреме, во рамките на операциите „Молња“ 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10 коишто започнаа на 13 јули 2020 година и кои се реализираат за целосно елиминирање на тероризмот внатре во границите на земјата, досега се неутрализирани 54 терористи, фатени се 24 соработници на терористите, уништени се 112 пештери, засолништа и складишта, а исто така се запленети и големи количини оружје и муниција, како и храна и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.



Слични вести