Претседателот Ердоган: Макрон, тебе ионака ти остана уште малку време; Ти си пред заминување

Претседателот Ердоган му испрати уште една порака на францускиот претседател Емануел Макрон на кого му го рече следното: „Тебе ионака ти остана уште малку време. Ти си пред заминување.“

1489626
Претседателот Ердоган: Макрон, тебе ионака ти остана уште малку време; Ти си пред заминување

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на програмата 100 илјади нови членови на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партија), во Истанбул.

Овде претседателот Ердоган истакна дека борбата којашто се води е борба за независност на земјата и  за иднината.

Велејќи дека целта на оние кои целат против Турција со терор, притисок и нарачатели преку економијата е да ја одвратат од нејзиниот поносен и одлучен став, претседателот Ердоган го рече следното: „Овие не ги засега ниту АК Партијата, ниту Тајјип Ердоган. Овие ги засега лично нашиот народ. Постоењето на Турција, од нејзината територија до државата. Го пробаат секој пат преку АК Партијата и Тајјип Ердоган да ја заробат Турција, да ја принудат да потклекне.“

Претседателот Ердоган напомена дека борбата којашто се води не е борба за иднината на Тајјип Ердоган, туку борба за земјата и за иднината, и дека тоа го знае секој оној кој располага со совест и сфаќање.

Ердоган потсети дека францускиот претседател Емануел Макрон вели „Нашиот проблем не е со турскиот народ, нашиот проблем е со Ердоган, треба да го симнеме Ердоган“, и во продолжението од својот говор го подвлече следното:

„Макрон, тебе ионака ти остана уште малку време. Ти си пред заминување. Што ти реков јас тебе пред неколку години? Во еден наш телефонски разговор; ти реков 'види немаш никакво знаење по историја, најпрвин научи историја и немој да и одржуваш лекција на Турција по историја'. Ние, вас ве познаваме од Алжир. Вие убивте 1 милион Алжирци, вие убивте 800 илјади Руандијци. Ние вас ве познаваме од Либија. Вие убивте стотици илјади Либијци. Не можете нам да ни одржувате лекција по човештво (хуманост). Ние кога отидовме таму како Османлии, однесовме мир, кога отидовме таму ја однесовме хуманоста. Најпрвин научи го тоа. Секако не можат да го прифатат тоа, затоа полудуваат.“



Слични вести