Чавушоглу: Оној кој е во право не бега од масата и дијалогот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека оној кој е во право не бега од масата и од дијалогот и уште еднаш напомена дека Турција секогаш е на страната на дијалогот без изнесување на предуслови

1489465
Чавушоглу: Оној кој е во право не бега од  масата и дијалогот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за надворешни работи на Малта Еварист Бартоло се состанаа во Анталија, по што одржаа и заедничка прес конференција. 

Овде, министерот Чавушоглу во врска со прашањето со Источниот Медитеран го рече следното: „Оној кој е во право не бега од масата и од дијалогот, од преговорите. Ние секогаш сме на страната на дијалогот, без изнесување на предуслови. Турција никогаш немала претензии (око) кон правата на другите земји, меѓутоа и своето право досега го бранела до крај. Ќе го брани и во иднина.“

Велејќи дека тогаш кога Турција ги поканува на маса Грција или другите земјиу, некои тоа го перцепцираат како отстапка, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Оној кој е во право не бега од мастаа, од дијалогот, од преговорите. Доколку Грција е во право во своите тези, доколку мисли дека се во усогласеност со меѓународното право, треба да дојде на масата со карти, договори, примери. И ние ќе ги поставиме нашите тези. Секој тогаш, како што беше во Комисијата за надворешни односи во Европскиот парламент (ЕП) ќе виде кој е во право. Така да ние без предуслови секогаш сме на страната на дијалогот. Доколку има некој кој поставува предуслови кон Турција и ние имаме свои предуслови и треба да бидат исполнети и овие предуслови, меѓутоа идеалното е да се седне без предуслови, да се разговара дури и за прашања за коишто постои недоразбирање.“



Слични вести