Акар: Оние кои се во различни заговори против Турција, исто како во историјата ќе бидат поразени и денеска

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека оние кои влегуваат во различни заговори против Турција, исто како во историјата ќе бидат поразени и денеска

1489207
Акар: Оние кои се во различни заговори против Турција, исто како во историјата ќе бидат поразени и денеска

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар учествуваше на церемонијата на отворање на новата година за обука на Командата поморска амфибиска пешадиска бригада.

Во говорот што го одржа овде, министерот Акар по направените проценки во однос на воени и безбедносни прашања се осврна и на случувањата во Источниот Медитеран коишто се случуваат во последно време.

Хулуси Акар истакна дека оние кои влегуваат во различни заговори против Турција, исто како во историјата ќе бидат поразени и денеска.

Велејќи „Ние само велиме дека располагаме со право во рамките на меѓународните договори, вообичаените практикувања и дека ги браниме истите. Не е погодно ова да се преведе (прифаќа) како закана, и тоа не претставува вистина“, министерот Акар укажа на тоа дека овде (во регионот на Источниот Медитеран) доаѓаат некои држави кои немаат никаква врска биту одблизу со регионот.

„Оние кои влегуваат во различни заговори против Турција, исто како во историјата ќе бидат поразени и денеска. За намалување на тензијата ќе биде доволно некои само да замолчат. Не треба да прават било што, доволно е да замолчат. Во меѓувреме, на нашиот сосед Грција жестоко и препорачуваме, ја потсетуваме, да не дозволи да биде искористена во име на интересите на некои земји, да не стане мезе во име на тоа. Се надеваме дека се свесни за тоа.“ - порача министерот за национална одбрана Хулуси Акар.



Слични вести