Во судир со терористите во операцијата „Молња-10 Нордуз“ загинаа тројца турски војници, а еден војник е ранет

МВР соопшти дека во судир со терористите во операцијата „Молња-10 Нордуз“ којашто продолжува во руралното подрачје на населеното место Чатак кај градот Ван, станаа шехиди (загинаа) тројца турски војници, а еден војник е ранет

1489120
Во судир со терористите во операцијата „Молња-10 Нордуз“ загинаа тројца турски војници, а еден војник е ранет

Во операцијата „Молња-10 Нордуз“ којашто продолжува во руралното подрачје на населеното место Чатак кај градот Ван, во источниот дел на земјата, станаа шехиди (загинаа) тројца турски војници, а еден војник беше ранет.

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека во судир со терористите за време на операцијата „Молња-10 Нордуз“ којашто продолжува во руралното подрачје на населеното место Чатак кај градот Ван, станаа шехиди (загинаа) тројца турски војници, а еден војник беше ранет.

Во судирот помеѓу единиците на специјалните жандармериски сили (JÖH) и терористите до којшто дојде за време на активностите за пребарување на теренот во подрачјето на операцијата се неутрализирани тројца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. 

Во меѓувреме, во рамките на операциите Молња 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10 коишто започнаа на 13 јули 2020 година и кои се реализираат за целосно елиминирање на тероризмот внатре во границите на земјата, досега се неутрализирани 54 терористи, фатени се 24 соработници на терористите, уништени се 112 пештери, засолништа и складишта, а исто така се запленети и големи количини оружје и муниција, како и храна и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.



Слични вести