Турција објави нов „NAVTEX“ за обука со стрелање во Источниот Медитеран

Додека продолжува затегнатоста со Грција во Источниот Медитеран, Турција со одлуките за „NAVTEX“ коишто ги соопштува едно по друго со одлучност ги продолжува своите сеизмички истражувања, вежби и обуки во регионот

1489101
Турција објави нов „NAVTEX“ за обука со стрелање во Источниот Медитеран

Турција објави нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) во која се истакнува дека од 12 до 14 септември ќе се реализира обука со стрелање во Источниот Медитеран.

Додека продолжува затегнатоста со Грција во Источниот Медитеран, Турција со одлуките за „NAVTEX“ коишто ги соопштува едно по друго со одлучност ги продолжува своите сеизмички истражувања, вежби и обуки во регионот.

Новата навигациска информација „NAVTEX“ беше објавена од Одделот за хидрографија и океанографија на турските Поморски сили.  

Како што се истакнува од 12 до 14 септември ќе се реализира обука со стрелање во Источниот Медитеран.

Споделени се и координатите на зоната кадешто ќе се реализира обуката.

Во претходно објавената навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) беше соопштено дека во периодот од 29 август до 11 септември ќе се реализира обука со стрелање во Источниот Медитеран.



Слични вести