Турција го осуди и проколни палењето на светата муслиманска книга во Шведска

Турција има поволен став кон недозволувањето на лицата кои се обратија за одржување на овој чин

1488691
Турција го осуди и проколни палењето на светата муслиманска книга во Шведска

 

Турција го осуди и проколни палењето на светата муслиманска книга Куранот во Стокхолм, Шведска.

Во соопштението кое беше објавено од страна на МИНР беше истакнато дека „Турција ги осудува и проколнува приврзаниците на расистичката група којашто ја запалија светата книга на муслиманите Курани Керим и кои извршија скернавење“.

Турција има поволен став кон недозволувањето на лицата кои се обратија за одржување на овој чин.

Овие лица за кои се знае дека се приврзаници на расистичката данска партија и чии намери се исто така познати, нивните провкативни акции не можат да се попречат, поради што овие болни луѓе се обидуваат да ја искористат оваа состојба.

Во соопштението на МНО беше истакнато следното:

„За жал, во последните години во скандинавските земји под закрилата на слободата на печатот и медиумите, уметноста и говорот, се повеќе расте непочитувањето кон исламот, а исто така се забележува дека не се вложуваат напори за спречување на истите. Од шведските власти и сите други земји во кои се забележуваат случаи на расистички напади и непријалеството и омраза кон исламот очекуваме во рамките на европските установи или на национално ниво да ги преземат сите потребни мерки за борба против ова зло.“

Приврзаниците на данската есктремно десничарска партија „Цврст курс“ (Stram Kurs) во населбата Ринби во Стокхолм одржаа акција без одобрение на надлежните и снимките од палењето на светата книга Курани Керим ги споделија преку социјалните медиуми.



Слични вести