Шентоп: Вознемиреноста на Франција е поради ефикасноста на Турција, во светот, регионот и особено Африка

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп покажа реакција против недоличните зборови коишто францускиот претседател Емануел Макрон ги употреби против претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

1489133
Шентоп: Вознемиреноста на Франција е поради ефикасноста на Турција, во светот, регионот и особено Африка

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп направи проценка на изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон коишто беа насочени против претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Шентоп во врска со тоа го рече следното: „Вистинската вознемиреност на Франција е поврзана со ефикасноста на Турција во светот, регионот и особено во Африка.“

Мустафа Шентоп истакна дека Макрон правејќи се дека стои покрај неоснованите, без потпора тези  на Грција во Источниот Медитеран спротивни на правото се обидува да ја покаже ова негова наведена вознемиреност.

Шентоп рече: „Франција, како НАТО сојузник, очекуваме да се откаже од оваа лицемерност (дволичност), да делува во усогласеност со меѓународното право, поморското право.“

Велејќи „Никој (се алудира на Франција) своите своите адолесцентни (ергенски, пубертетски) проблеми да не ги носи во сферата на меѓународните односи“, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп го подвлече следното: „Донесените одлуки на Самитот земјите од југоисточна Европа членки на Европската унија (ЕУ), од аспект на Турицја немаат некое поголемо значење.“



Слични вести