Реакција од Фуат Октај против Макрон: Претставник на колонијалистичкиот менталитет

Потпретседателот Фуат Октај својата реакција против Макрон поради неговите изјави против претседателот Ердоган ја изнесе со зборовите „претставник на колонијалистичкиот менталитет“

1489113
Реакција од Фуат Октај против Макрон: Претставник на колонијалистичкиот менталитет

Потпретседателот Фуат Октај на својот профил на социјалната медија сподели објава во врска со последните изјави на францускиот претседател Емануел Макрон насочени против претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Октај својата реакција против Макрон поради неговите изјави против претседателот Ердоган ја изнесе со зборовите „претставник на колонијалистичкиот менталитет“.

Потпретседателот Фуат Октај во споделената објава со хаштагот „Стоиме покрај Ердоган“ (#Erdoğanın Yanındayız) го напиша следното: „Макрон, претставникот на колонијалистичкиот менталитет, нека продолжи со неговите несвесни изјави, ние под лидерство на нашиот почитуван претседател Ердоган ќе продолжиме да стануваме пријателска рака којашто им се подава на угнетените во светот, да пишуваме историја заедно со нашиот народ.“

 



Слични вести