Одговор од Ибрахим Калин до Макрон со фотографија: Да не одолговлечуваме и да не се заморуваме

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја сподели фотографијата на која се гледа како претседателот Ердоган ја става својата рака на рамото на францускиот претседател Емануел Макрон

1489128
Одговор од Ибрахим Калин до Макрон со фотографија: Да не одолговлечуваме и да не се заморуваме

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин покажа реакција против францускиот претседател Емануел Макрон кој со недоличните зборови коишто ги употреби против Турција и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги пречекори своите граници. 

Калин на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја сподели фотографијата на која се гледа како претседателот Ердоган ја става својата рака на рамото на францускиот претседател Емануел Макрон и која се наоѓа меѓу легендарните фотографии споделени на социјалните медиуми.

Легитимните активности на Турција во источниот дел на Средоземното Море (Источниот Медитеран) заедно со Франција стануваат причина за неспокојство и неподнесување и кај Франција.

Поради тоа провокациите на властите во Париз и Атина ја зголемуваат тензијата во регионот. 

На недоличните зборови на францускиот претседател Емануел Макрон кој пречекорувајќи ја својата граница ги употреби против претседателот Ердоган, портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин одговори со споделување на една легендарна фотографија.

Калин во оваа своја споделена објава го употреби изразот „Да не го одолговлечуваме зборот и да не се заморуваме“ и го напиша следното: „Фотографијата која се наоѓа меѓу легендарните фотографиина социјалната медија беше снимена за време на Самитот на Г-20 кој се одржа минатото лето во Јапонија.“

Инаку, во  моментот кога е сликана оваа фотографија претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ставајќи ја својата рака на рамото на францускиот претседател Емануел Макрон во врска со Кипарското прашање му го рече следното: „Ти, како прво не можеш да зборуваш во врска со Кипарското прашање. Ти немаш никаква врска (ниту одблизу) со Кипар. Овде можам да зборувам Јас, да зборуваат Грција, Англија, Европската унија (ЕУ), но Ти не можеш да зборуваш.“



Слични вести