Претседателот Ердоган оствари одделни телефонски разговори со Тачи и Вучиќ

Во објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството стои дека во телефонските разговори беа разгледани чекорите коишто ќе ги зајакнат односите помеѓу Турција и Косово и Турција и Србија, како и регионални случувања

1487891
Претседателот Ердоган оствари одделни телефонски разговори со Тачи и Вучиќ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари одделни телефонски разговори со претседателот на Косово Хашим Тачи и со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Во објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството се истакнува дека во телефонските разговори беа разгледани чекорите коишто ќе ги зајакнат односите помеѓу Турција и Косово и Турција и Србија, како и регионални случувања.

Освен тоа се вели дека во остварените телефонски разговори претседателот Реџеп Тајјип Ердоган постигнал согласност со своите косовски и српски колеги, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, по прашањето на продолжување на блиската соработка и консултациите во однос на билатерални и регионални прашања.



Слични вести