МНР на Турција: Во целост ги отфрлуваме донесените одлуки на Арапската лига

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека во целост се отфрлуваат донесените одлуки на Арапската лига (АЛ)

1488226
МНР на Турција: Во целост ги отфрлуваме донесените одлуки на Арапската лига

Турција соопшти дека во целост ги отфрлува донесените одлуки на состанокот на Министерскиот совет на Арапската лига (АЛ), на 9 септември.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека неоснованите обвинувања коишто некои земји членки на Арапската лига (АЛ) продолжуваат да ги изнесуваат против Турција, а со цел да ги покријат сопствениот деструктивен дневен ред и сопственитее активности, се пренесени и на дневниот ред на Министерскиот совет на Арапската лига (АЛ) што се одржа на 9-ти септември (вчера).

Во соопштението се вели „Во целост ги отфрлуваме донесените одлуки во врска со нашата земја на состанокот за којшто станува збор“ и се додава следното: „Всушност нема ништо коешто би можело да се земе за сериозно во врска со овие одлуки. Впрочем од страна на секого се знае дека нашата земја им придава големо значење на територијалниот интегритет и политичкото единство на арапските земји и на стабилноста на регионот, како и тоа дека спротивно на управите кои стојат во позадината на донесувањето на овие одлуки вложува напори за нивно зачувување.“  

Освен тоа во соопштението се вели и следното: „И покрај сите напори на овие познати управи кои им даваат поддршка на режимите, милициските водачи, сепаратистички групи и терористичките организации кои ги поддржуваат терористите кои се обидуваат да ја распарчат Сирија и ги поддржуваат терористите кои се закануваат на суверенитетот на Ирак, стануваат причина за рушења во Јемен, заземаат место покрај пучистите во Либија, за своите интереси го фрлаат во оган повторното воспоставување на стабилноста во Судан, накусо стануваат причина за појава на човечки драми: Турција со одлучност ќе го продолжи својот конструктивен став во правец на воспоставување на стабилноста и спокојството во регионот.“ 

Се нагласува дека од страна на арапските народи се следи со извлекување лекција тоа што овие управи ја сметаат за ништовна палестинската кауза и ја спречуваат Арапската лига (АЛ) да донесе одлуки во врска со иницијативите со коишто се саботираат напорите за решение со две држави во Палестина и заедничкиот арапски став. 

„Уште еднаш ја повикуваме Арапската лига (АЛ) наместо да делува диригирана од некои свои членки кои презентираат непријателски став против нашата земја, да презема соодветна позитивна улога во правец на воспоставувањето на безбедноста и стабилноста во регионот.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција. 



Слични вести