МНР: Францускиот претседател Макрон чии подмолни планови ги потопивме во вода, ја напаѓа Турција

Во соопштението на Министерството за надворшени работи се истакнува дека францускиот претседател Емануел Макрон чии подмолни планови во надворешната политика пропаднаа во вода, ја напаѓа Турција

1488387
МНР: Францускиот претседател Макрон чии подмолни планови ги потопивме во вода, ја напаѓа Турција

Министерството за надворшени работи на Турција покажа реакција против изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон.

Во соопштението на Министерството се истакнува дека францускиот претседател Емануел Макрон чии подмолни планови во надворешната политика пропаднаа во вода, ја напаѓа Турција.

Во соопштението се вели следното: „Францускиот претседател Макрон повторно со оние негови стари колонијалистички рефлекси даде арогантна изјава со којашто се обидува да одржи лекција. Всушност, изјавите на Макрон се манифестација (одраз) на неговата сопствена неспособност и беспомошност (очај) во кој се наоѓа.

Впрочем, останаа назад (во минатото) деновите кога јаваа слободно (правеа сѐ што ќе посакаа) низ светот. Макрон чии целокупни планови во надворешната политика ги потопивме во вода, му ги расипавме валканите игри, со оваа негова болка, ги напаѓа Турција и нашиот почитуван претседател Реџеп Тајјип Ердоган.“

Во соопштението се нагласува дека претседателот Ердоган е од лидерите кои се избрани со најголем број гласови во Европа и стои следното: „Нашиот почитуван претседател својата сила секогаш ја добива од турскиот народ. Турскиот народ и владата против овие видови збалуди се сплотиле и ќе продолжат да бидат сплотени.“

Се истакнува дека Макрон нема право да ги утврдува сферите на надлежност во морето на било која земја во Средоземното Море или во било кој друг регион.

Се вели следното: „Франција наместо ослепена да се однесува како адвокат на Грција и Кипарско-грчката управа кои фрлаат еднострани и провоцирачки чекори и за своите тесногледи интереси ја земаат во заложништво Европската унија (ЕУ), треба да презентира став на страната на компромисот и дијалогот. Тоа, претставува потреба и на нашето Европејство и НАТО сојузништво.“

Во соопштението на Министерството за надворшени работи се укажува на тоа дека Макрон со неговиот индивидуален и националистички став ја поттикнува затегнатоста и ги доведува во ризик и големите интересите на Европа и Европската унија.

„Франција која нема ниту своја граница со Источниот Медитеран и се уште делува со колонијално сфаќање во регионот, претставува потполна недоследност (неконзистентност) тоа што ги критикува партнерството, искреноста, соработката и хуманитарната и иницијаторска надворешна политика на Турција. Беспомошната (очајна) состојба во која е западнат Макрон чија поддршка кај народот постојано се намалува, ја оставаме на проценка на францускиот народ.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.



Слични вести