Министерството за национална одбрана сподели нови снимки од воената вежба „Средоземноморска бура“

На споделените снимки внимание привлече реализираното истоварување на командосите на копно и погодувањето на на означените цели со стопроцентна прецизност

1488452
Министерството за национална одбрана сподели нови снимки од воената вежба „Средоземноморска бура“

Министерството за национална одбрана (МНО) сподели нови снимки во врска со воената вежба „Шехит капетан Џенгиз Топел Средоземноморска бура-2020“ во Источниот Медитеран којашто продолжува во Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Во споделената објава на профилот на социјалната медија на Министерството за национална одбрана (МНО) заземаат место снимки од операциите на САТ-САС (SAT-SAS) командосите.

На снимките внимание привлече реализираното истоварување на командосите на копно и погодувањето на на означените цели со стопроцентна прецизност.

Во рамките на воената вежба со учество и на елементите на воздушните, поморските и копнените сили од Турција се реализира со вежби за обединета заедничка офанзива, воздушен напад, борбена операција за пребарување и спасување и едновремено вежби на баталјонските сили на задача.

Заедничката воена вежба на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) „Шехит капетан Џенгиз Топел Средоземноморска бура-2020“, која започна на 6 септември заврши денеска (10 септември).



Слични вести