Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во посета на Мали

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Мали се состана со претседателот на Мултидимензионалната мисија за интеграција и стабилност на Мали (MINUSMA) Махамат Салех Анадиф и со членовите на Националниот совет за спас на народот (CNSP)

1487944
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во посета на Мали

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во официјална посета на Мали, првата станица од неговата турнеја по 3 африкански земји, по што ќе ги посети и Гвинеја Бисао и Сенегал.

Чавушоглу во Мали се состана со поранешниот министер за надворешни работи на Чад, претставник на гнералниот секретар на Обединетите нации за Мали и претседател на Мултидимензионалната мисија за интеграција и стабилност на Мали (MINUSMA) Махамат Салех Анадиф.

Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, во врска со средбата го истакна следното: „Со Анадиф го разгледавме процесот на транзиција во Мали. Нашата поддршка и придонесот на Мисијата на Обединетите нации во Мали ќе продолжи. Ги споделивме искуствата во борбата против тероризмот.“

„Стабилноста, безбедноста и спокојството на Мали се значајни и за нас. Онака како што се значајни за Западна Африка, се значајни и за цела Африка. Турција, како досега така и во иднина ќе продолжи да биде покрај братски Мали и народот на Мали.“ - рече Тој.

Чавушоглу исто така одговараше и на прашањата на новинарите и притоа подвлече дека Мали е „пријателска и братска земја“ за Турција.

Велејќи дека досега Турција му помогна многу на Мали особено на неговата борба против тероризмот, Чавушоглу напомена дека на ист начин им е дадена поддршка и на овдешната мисија на Обединетите нации (ОН) и на Групата Сахел.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу потоа се состана со членовите на Националниот совет за спас на народот (CNSP) и даде изјави за Државната радио и телевизија на Мали.

Подвлече дека Мали е пријателска и братска земја за Турција и дека во тешките денови секогаш се стоеше покрај оваа земја и братскиот народ на Мали.

Нагласувајќи дека ќе продолжи и поддршката на Турцијана Мали и тоа освен на борбата против тероризмот исто така и на неговата борба против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), Чавушоглу додаде дека во рамките на оваа поддршка се донесени вентилатори (апарати за дишење) и маски N-95.

Мевлут Чавушоглу напомена дека по посетата на Мали ќе оствари официјални посети и на Гвинеја Бисао и Сенегал и дека притоа ќе бидат разменети мислења и со регионалните земји во врска со ситуацијата во која се наоѓа во моментов Мали и неговата иднина.

 



Слични вести