Министерот Хулуси Акар разговараше телефонски со својата германска колешка Анегрет Крамп-Каренбауер

Во телефонскиот разговор беа разгледани мислења по прашањата на билатреални и регионални одбранбени и безбедносни прашања на чело со случувањата во Источниот Медитеран

1487896
Министерот Хулуси Акар разговараше телефонски со својата германска колешка Анегрет Крамп-Каренбауер

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

Според објавеното соопштение од министерството за национална одбрана, во телефонскиот разговор беа разменети мислења во однос на билатерални и регионални одбранбено безбедносни прашања, на чело со случувањата во Источниот Медитеран.

Министерот Ака истакна дека во телефонскиот разговор ја информира својата соговорничка Анегрет Крамп-Каренбауер дека Турција не е на страната на нерешението, туку на страната на дијалогот и решавањето на проблемите.

Велејќи дека и другите земји треба да покажат приод кон прашањето во усогласеност со здравиот разум и духот на сојузништво, министерот за национална одбрана Хулуси Акар нагласи дека Турција е во право, нема да дозволи никаква состојба на свршен чин и ќе продолжи да ги брани своите права коишто произлегуваат од меѓународното право.



Слични вести