Критичниот состанок помеѓу воените делагации на Турција и Грција се очекува да се одржи денеска

На иницијатива на НАТО денеска се очекува да се одржи критичниот состанок помеѓу воените делагации на Турција и Грција, а со цел елиминирање на ризикот од конфликт во Источниот Медитеран

1488255
Критичниот состанок помеѓу воените делагации на Турција и Грција се очекува да се одржи денеска

НАТО стапи во акција за елиминирање на ризикот од конфликт во Источниот Медитеран, меѓутоа Грција не се зага да седне на преговарачката маса.

Состанокот помеѓу воените делегации на Турција и Грција на кој ќе се разговара за „Методите на одделување (разградување)“, се планира да се одржи денеска (состанокот се предвидува да започне во 15:30 часот по турско време).

Во тие рамки воените функционери ги започнаа контактите за средба на турската и грчката страна под покривот на НАТО.

Меѓутоа, властите во Атина ја отежнуваат состојбата.

Состанокот беше планирано да се одржи во вторникот, меѓутоа во краен момент беше одложен за денеска.

Така сега по неколку часа се очекува овој состанок помеѓу воените делегации на Турција и Грција да се одржи во штабот на НАТО во Брисел.

Франција пак, која претпочита да го зголеми своето воено присуство во Источниот Медитеран, води обиди за формирање на својот блок.

Така денеска додека се очекува состанокот на воените делегации на Турција и Грција во НАТО, францускиот претседател Емануел Макрон ќе ги пречека лидерите на Шпанија, Португалија, Италија, Малта и кипарско-грчката управа, како земји кои излегуваат на Средоземното Море.

Лидерите на наведените земји ќе се состанат на островот Корзика со дневен ред затегнатоста во Источниот Медитеран и Турција.

Пред овој состанок се очекува да се одржи средба лице в лице помеѓу францускиот претседател Емануел Макрон и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

На оваа средба се предвидува Макрон и Мицотакис да стават потпис на договорат за воена соработка којшто предвидува и продажба на оружје од Франција на Грција, и тоа поготово на воени авиони од типот „Рафаел“.



Слични вести