Турција го осуди нападот врз конвојот на првиот заменик претседател на Авганистан Амрулах Салих

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се истакнува дека со големо жалење е дознаено за големиот број загинати и ранети во реализираниот напад врз конвојот на првиот заменик претседател на Авганистан Амрулах Салих во главниот град Кабул

1487872
Турција го осуди нападот врз конвојот на првиот заменик претседател на Авганистан Амрулах Салих

Турција го осуди реализираниот бомбашки напад врз конвојот на првиот заменик претседател на Авганистан Амрулах Салих.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со големо жалење е дознаено за големиот број загинати и ранети во реализираниот напад врз конвојот на  првиот заменик претседател на Авганистан Амрулах Салих утрово во главниот град Кабул.

Во соопштението се вели следното: „Додека се очекуваше да започнат преговорите помеѓу Авганистанците како значајна фаза за мировниот процес во Авганистан, ги осудуваме насилствата коишто продолжуваат и како последно овој реализиран гнасен напад, посакуваме мировните напори да продолжат без да изгубат во брзина. На ранетите во нападот на чело со заменик претседателот Салих им посакуваме побрзо оздравување, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, изразуваме сочувство до пријателскиот и братски народ на Авганистан и до Владата.“ 

Açıklamada,

"Afganistan'da barış süreci için önemli bir aşama olan Afganlar arası müzakerelerin başlaması beklenirken, devam eden şiddet eylemleri ve son olarak gerçekleşen bu menfur saldırıyı kınıyor, barış çabalarının hız kesmeden sürmesini temenni ediyoruz. Cumhurbaşkanı Yardımcısı Salih başta olmak üzere saldırıda yaralananlara acil şifa, hayatını kaybedenlere Allah’tan rahmet, dost ve kardeş Afganistan halkına ve hükümetine başsağlığı diliyoruz." ifadelerine yer verildi.

Инаку, во реализираниот бомбашки напад врз конвојот на првиот заменик претседател на Авганистан Амрулах Салих животот го загубија 10 лица, а 15 мина беа ранети.

Салих се спаси од нападот со тоа што беше ранет во раката.

 



Слични вести