Претседателот Ердоган разговараше телефонски со јапонскиот премиер Шинзо Абе

Претседателот Ердоган посака здравје и побрзо оздравување на јапонскиот премиер Шинзо Абе кој пред извесно време соопшти дека ќе ја напушти премиерската функција поради проблеми со здравјето со коишто се соочува извесно време

1487706
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со јапонскиот премиер Шинзо Абе

Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на приседателството, претседателот Ердоган му посака здравје и побрзо оздравување на јапонскиот премиер Шинзо Абе кој пред извесно време соопшти дека ќе ја напушти премиерската функција поради проблеми со здравјето со коишто се соочува извесно време.

Заблагодарувајќи му се на Абе за значајните придонеси коишто ги даде за односите помеѓу Турција и Јапонија, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече дека се надева оти односите помеѓу двете земји ќе продолжат напредуваат со нивно зајакнување и во иднина.

Во телефонскиот разговор, беше повторена одлучноста по прашањето на продлабочување на соработката помеѓу Турција и Јапонија во секоја сфера,а воедно беа разгледани и конкретните чекори коишто ќе бидат фрлени во таа насока.



Слични вести