МНР на Турција: Го цениме конструктивниот став на Мароко за изнаоѓање решение за кризата во Либија

Портпаролот на МНР Хами Аксој во врска со Состанокот за либиски дијалог којшто се одржува во градот Бузника во Мароко го истакна следното: „Го цениме конструктивниот став на Мароко по прашањето на изнаоѓање решение за кризата во Либија

1487292
МНР на Турција: Го цениме конструктивниот став на Мароко за изнаоѓање решение за кризата во Либија

Турција соопшти дека го дочекува со задоволство и го цени конструктивниот став на Мароко по прашањето на изнаоѓање решение за кризата во Либија.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој во врска со Состанокот за либиски дијалог којшто се одржува во градот Бузника во Мароко го истакна следното: „Го цениме конструктивниот став на Мароко по прашањето на изнаоѓање решение за кризата во Либија.“

На едно поставено прашање во врска со овој состанок, Аксој ја изнесе следната констатација: „Турција, уште од самиот почеток го брани ставот дека решението на кризата во Либија поминува од политички процес којшто ќе се води помеѓу Либијците во правец на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОБ) и кој исто така ќе биде прифатен од страна на Либијците.“

Нагласувајќи дека Турција го следи со внимателност состанокот којшто се одржува во Мароко, Аксој потсети дека Мароко и претходно беше домаќин на разговорите за „Политички договор за Либија“.

„Турција ги поддржуваше овие разговори, а воедно и нашиот господин министер (Мевлут Чавушогл) лично учествуваше на церемонијата на потпишување на договорот. Го цениме ставот на Мароко по прашањето на изнаоѓање решение за кризата во Либија.“ - рече Хами Аксој, портпаролот на Министерството за надворешни работи.



Слични вести