Чавушоглу од 9 до 11 септември ќе ги посети Мали, Гвинеја Бисао и Сенегал

Министерството за надворешни работи соопшти дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу од 9 до 11 септември ќе престојува во посета Мали, Гвинеја Бисао и Сенегал

1487449
Чавушоглу од 9 до 11 септември ќе ги посети Мали, Гвинеја Бисао и Сенегал

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу од 9 до 11 септември ќе престојува во посета на 3 африкански земји, Мали, Гвинеја Бисао и Сенегал.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека, министерот Мевлут Чавушоглу во рамките на посетата на Мали се предвидува да оствари средби и разговори со членовите на Националниот совет за спас на народот (CNSP), Мултидимензионалната мисија за интеграција и стабилност на Мали (MINUSMA), претставниците на Економската заедница на западноафриканските земји (ECOWAS/CEDAO) и на Африканската унија, а посветени на процесот за политичка транзиција, билатералните односи, како и на регионални и меѓународни прашања.

Во соопштението исто така се вели дека посетите на Чавушоглу на Гвинеја Бисао и на Сенегал пак, коишто ќе ги оствари на 10 и 11 септември ќе бидат први официјални посети на овие земји на ниво на министер за надворешни работи.

Во соопштението стои информацијата дека за време на овие посети ќе бидат преразгледани со сите поединости билатералните односи со наведените 3 земји, а воедно се подвлекува дека овие посети ќе обезбедат можност за размена на мислења во однос на регионални и меѓународни прашања.

 



Слични вести