Амбасадорот на Турција во Лондон Умит Јалчин: Грција бега од дијалог во Источниот Медитеран

Амбасадорот на Турција во Лондон Умит Јалчин, напиша писмо до британскиот весник „Гвардијан“ кадешто истакна дека Грција бега од дијалог во Источниот Медитеран

1487802
Амбасадорот на Турција во Лондон Умит Јалчин: Грција бега од дијалог во Источниот Медитеран

Амбасадорот на Турција во Лондон Умит Јалчин, напиша писмо до британскиот весник „Гвардијан“ (The Guardian) кадешто истакна дека Турција од 2003 година ги поканува заинтересираните страни да се приклучат кон преговорите коишто се потпираат на меѓународното право и принципот на еднаквост за разграничување на ексклузивните економски зони, меѓутоа рече дека Грција никогаш не влезе во искрен дијалог.

Велејќи дека Грција бега од дијалог во Источниот Медитеран, амбасадорот Јалчин информира дека Турција пак, ги поддржува иницијативите за дијалог и е спремна за водење за искрени разговори.

Амбасадорот Умит Јалчин потсети дека последните иницијативи на Грција за повторно започнување на преговорите на два пати беа саботирани од страна на Грција и напомена дека Атина најпрвин потпиша договор со Египет, а потоа одби да разговара со Турција.

Тој нагласи дека и последните напори коишто ги вложи генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за започнување на разговорите, а со цел воспоставување на механизмите за спречување на судирот, повторно беа одбиени од страна на Грција. 

„Турција пак, ги поддржа овие иницијативи и е спремна да одржи искрени разговори.“ - истакна амбасадорот на Турција во Лондон Умит Јалчин во напишаното писмо до британскиот весник „Гвардијан“.

 

 



Слични вести