За извршителот на терористичкиот напад во новогодишната ноќ во 2017 година во Истанбул 40 доживотни затворски казни

Судската порота, на обвинетиот Абдулкадир Машарипов извршителот на терористичкиот напад му изрече 40 доживотни затворски казни, без можност за намалување, за извршени кривични дела „кршење на Уставот“ и за „намерно убиство“ на 39 лица

1486663
За извршителот на терористичкиот напад во новогодишната ноќ во 2017 година во Истанбул 40 доживотни затворски казни

Во судскиот процес во врска со извршениот вооружен терористички напад на еден ноќен клуб во Истанбул за време на новогодишната ноќ во 2017 година во кој загинаа 39 лица, на обвинетиот Абдулкадир Машарипов му се изречени 40 доживотни затворски казни, без можност за намалување.

На одржаното рочиште во Судот за тешки казни број 27 во Истанбул, по изнесувањето на последните одбрани на обвинетите беше соопштена пресудата.

Судската порота, на обвинетиот Абдулкадир Машарипов извршителот на терористичкиот напад му изрече 40 доживотни затворски казни, без можност за намалувње, за извршени кривични дела „кршење на Уставот“ и за „намерно убиство“ на 39 лица меѓу кои и еден полициски службеник.

На Обвинетиот Машарипов исто така за извршени кривични дела „обид за убиство“ на 79 лица и „носење оружје без дозвола во очајно својство“ му се изречени затворска казна од 1.368 години и парична казна од 375 илјади турски лири (приближно 40 илјади евра).

Инаку, во извршениот вооружен терористички напад за време на новогодишната ноќ во еден ноќен клуб во Истанбул (Клубот Реина) пред три години, во 2017 година, загинаа 39 лица, а 79 мина беа ранети. Меѓу загинатите 27 лица беа странци.

Извршителот на нападот Абдулкадир Машарипов кој призна дека е член на терористичката организација ДЕАШ беше фатен и уапсен во квартот Ортаќој во Истанбул, 17 дена по нападот.



Слични вести