Во подрачјето на градот Ван е започна нова антитерористичка операција „Молња-10 Нордуз“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјето на градот Ван е започната нова антитерористичка операција „Молња-10 Нордуз“ во која учествуваат 1.040 припадници на безбедносните сили

1486936
Во подрачјето на градот Ван е започна нова антитерористичка операција „Молња-10 Нордуз“

Министерството за внатрешни работи во подрачјето на градот Ван започна нова антитерористичка операција „Молња-10 Нордуз“, во која учествуваат 1.040 припадници на безбедносните сили.

Во објавеното соопштение од Министерствот се истакнува дека со цел целосно исклучување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од дневниот ред на земјата и неутрализирање на терористите за кои се проценува дека се засолнуваат во подрачјето од страна на градската Команда на жандармеријата во Ван е започната операцијата „Молња-10 Нордуз“.

Во операцијата учествуваат 1.040 припадници на безбедносните сили со 70 оперативни тимови составени од жандармериски командоси на задача во градската Команда на жандармеријата во Ван,  специјални жандармериски сили (JÖH), специјални полициски сили (PÖH) и безбедносни чувари.

Во рамките на операциите Молња 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9 коишто се реализираат за целосно елиминирање на тероризмот внатре во границите на земјата, досега се неутрализирани 46 терористи, фатени се 23'јца соработници на терористите, уништени се 90 пештери, засолништа и складишта, а исто така се запленети и големи количини оружје и муниција, како и храна и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите. 

Во соопштението се вели дека операциите „Молња“ ќе продолжат успешно со поддршка на народот и со верба и одлучност. 

 



Слични вести