Реакција од Алтун против расистичката грчка интернет страница која ја постави на мета ТРТ

Фахреттин Алтун покажа реакција против расистичката интернет страница во Грција која по новинската Агенција Анадолија АА овојпат на мета ја постави Турската радио и телевизија (ТРТ)

1487172
Реакција од Алтун против расистичката грчка интернет страница која ја постави на мета ТРТ

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун покажа реакција на тоа што интернет страницата по име „Tourkika Nea“ во Грција која објавува написи против Турција, ги објави имињата на дописникот на Турската радио и телевизија (ТРТ) и на некои функционери на ТРТ. 

Алтун на својот профил на социјалната мрежа Твитер алудирајќи на една споделена објава на координаторот на информативниот канал ТРТ Хабер Јахја Бостан го напиша следното:

"Жестоко го осудуваме овој примитивен приод. Под гаранција на државата Република Турција нашите дописници ќе продолжат да ги извршуваат своите професии (да информираат). Ниту еден фашистички елемент е може да го спречи тоа."



Слични вести