Расистичка интернет страница во Грција овојпат ја постави на мета ТРТ

Интернет страницата по име „Tourkika Nea“ во Грција која е непријателски настроена против Турција овојпат ја постави на мета Турската радио и телевизија (ТРТ)

1487023
Расистичка интернет страница во Грција овојпат ја постави на мета ТРТ

Една расистичка интернет страница во Грција која минатата недела сподели информации и податоци на дописниците на новинската Агенција Анадолија „АА“, овојпат ја постави на мета Турската радио и телевизија (ТРТ).

Интернет страницата по име „Tourkika Nea“ во Грција која објавува написи против Турција го поставува на мета и турскиот печат.

Оваа екстремно десничарска интернет страница, ги соопшти имињата на дописникот на ТРТ и на некои службеници на Турската радио и телевизија (ТРТ), се обиде да создаде впечаток дека вршат незаконски работи.

Расистичката веб страница непријателски настроена против Турција, пред неколку дена ја обвини за шпионажа и и се закани на новинарската екипа на новинската Агенција Анадолија АА која за известување и информации замина на островот Меис (грчки Кастелоризо).

Освен тоа би сакале да потсетеме дека грчките војници минатиот месец (во август) реализираа воена вежба со провокативна цел во селото Ѓокчепинар во областа на градот Ксанти (турски Искече) каде што во мнозинство живеат Турци. 

Оваа таканаречена воена вежба беше фотографирана од страна на Турците кои живеат во областа и беше објавена и емитувана од страна на голем број локални медиуми кои емитуваат и информираат на турски јазик.

Екстремно десничарската интернет страница, по ваквиот развој ги прогласи за непријатели малцинските куќи чии фотографии беа објавени и беа поставени на мета на грчките расисти. 

Оваа интернет страница чија канцеларија се наоѓа во Комотини (турски Ѓумулџине) се храни од официјалните извори на Грција. Подготвува содржини со непријателство против Турција.  

Основачот на интернет страницата Костас Караискос е учител по математика во една гимназија во која учат и турски ученици. Освен тоа Караискос воедно е и лидер на една екстремно десничарска група во општината на Комотини (турски Ѓумулџине). 



Слични вести