Претседателот Ердоган: Турција и Иран ќе излезат уште посилни од процесот на пандемијата

Претседателот Ердоган во своето обраќање на шестиот состанок на Советот за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Иран истакна дека како регионални земји, ќе излезат уште посилни од процесот на пандемијата

1487104
Претседателот Ердоган: Турција и Иран ќе излезат уште посилни од процесот на пандемијата
Cumhurbaşkanı Erdoğan Türkiye-İran Yüksek Düzeyli İşbirliği Konseyi 2.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Türkiye-İran Yüksek Düzeyli İşbirliği Konseyi 3.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, од претседателската палата „Куллијето“ во Анкара преку видеоконференција се обрати на шестиот состанок на Советот за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Иран.

Претседателот Ердоган истакна дека Турција и Иран, како регионални земји, ќе излезат уште посилни од процесот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Велејќи дека лично верува оти целото човештво со делување во солидарност заедно ќе ја преброди оваа пандемија, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го рече следното:

„Ние како Турција, и покрај растот на бројот на нови случаи во последните денови, продолжуваме да ја држиме епидемијата под контрола. Од една страна го зајакнуваме нашиот здравствен систем, а од друга страна се обидуваме нашата економија да ја сведеме на колосек. Иншаллах (со Аллахова помош, се надевам дека) Турција и Иран како регионални земји, ќе излезат уште посилни од овој процес на пандемија.“



Слични вести