Претседателот Ердоган: Чувствуваме загриженост од порастот на бројот на новите случаи на Ковид-19

Претседателот Ердоган истакна дека се чувствува загриженост од порастот во бројот на смртните случаи и на новите случаи на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1486573
Претседателот Ердоган: Чувствуваме загриженост од порастот на бројот на новите случаи на Ковид-19

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, по одржаниот состанок на претседателскиот кабинет во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, којшто траеше 4 часа даде значајни изјави.

Претседателот Ердоган истакна дека се чувствува загриженост од порастот на бројот на смртните случаи и на новите случаи на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Тој рече: „Фактичката состојба е неприфатлива. Чувствуваме загриженост од порастот на случаите.“

Претседателот Ердоган нагласи дека пред да започнат сезонските болести дневниот број на случаите треба да се намали под 100, а на бројот на смртните случаи ако е можно да се сведе на нула.

Велејќи дека во рамките на мерките против Ковид-19 нема да се дозволи да се земаат патници на нозе во јавниот превоз и дека кафетериите и рестораните ќе се контролираат многу почесто и подетално од аспект на придружувањето кон правилата и прописите, Ердоган рече: „Се додека се изнајде подобро решение треба наново да го преуредиме нашиот живот согласно мерките на чистота, носење маска и физичко растојание.“

Претседателот Ердоган напомена дека се преземени сите мерки за да не дојде до застој во производството, а воедно истакна дека Турција и покрај тоа што доживеа одредено очекувано стеснување во вториот квартал на годината Таа е во многу подобра состојба од голем број земји, вклучувајќи ги и развиените, така што сите показатели укажуваат на тоа дека во третиот квартал ќе се доживее силно опоравување.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган информира дека во периодот на епидемијата образованието ќе се одвива заедно ѝ директно лице в лице ѝ со концептот на далечинско образование и дека согласно изборот на семејствата ќе се започне со образоване почнувајќи од предучилишна возраст и учениците во прво одделение.



Слични вести