Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со Салих Мурат и Ајдоган Адемоски

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одржа средба со претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Салих Мурат и со претседателот Македонско-турската комора (МАТТО) Ајдоган Адемоски

1486982
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со Салих Мурат и Ајдоган Адемоски

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Салих Мурат и со претседателот Македонско-турската комора (МАТТО) Ајдоган Адемоски.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека остварил средба со претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Салих Мурат и со претседателот Македонско-турската стопанска комора (МАТТО) Ајдоган Адемоски.

Велејќи дека на средбата било разговарано за билатералните односи помеѓу Турција и Северна Македонија, Чавушоглу истакна дека истовремено е донесена одлука за зголемување на солидарноста помеѓу двете земји во контекст на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така напомена дека поддршката на Турција на народот на Северна Македонија ќе продолжи и го рече следното: „Нашата поддршка на народот на пријателска Македонија ќе продолжи.“

- Порака со честика од Мевлут Чавушоглу по повод 8 Септември Денот на независноста

Во меѓувреме, министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу на профилот на Министерството на социјалната мрежа Твитер објави и порака со честитка по повод одбележувањето на 8 септември Денот на независноста на Република Северна Македонија.

Чавушоглу во својата порака со честитка го напиша следното: „Упатувам срдечни честитки по повод Денот на независноста на Северна Македонија. Секогаш сме покрај народот на пријателска Македонија.“

Мевлут Чавушоглу оваа своја порака ја напиша и на турски и на македонски јазик.

Инаку, Република Северна Македонија, денеска одбележува 29 години од својата самостојност и независност, по успешно спроведениот референдум на 8 септември 1991 година на кој граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Над 95 проценти од граѓаните кои излегоа на референдумот позитивно одговорија на прашањето: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“. 

По прогласувањето на независноста, меѓу првите држави кои ја признаа државноста на Република Северна Македонија беа Турција и Бугарија, како и Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина, а потоа и други држави.

 

 



Слични вести