Чавушоглу: Ако Грција има доверба во себе нека седне на масата за дијалог

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу укажа на значењето од принципиелно и чесно однесување и го додаде следното: „Ако Грција има доверба во себе нека седне на масата. Пред сите да каже дека е во право. И ние имаме што да кажеме.“

1487091
Чавушоглу: Ако Грција има доверба во себе нека седне на масата за дијалог

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со министерот за надворешни работи, соработка и граѓаните на Конго во странство на Република Конго Жан-Клод Гакосо со кого потоа одржаа и заедничка прес конференција.

Овде, Чавушоглу во врска со тврдењата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас околу тоа дека Турција на воените вежби во Источниот Медитеран употребила вистинска муниција, истакна дека сите воени вежби на Турција во Источниот Медитеран се реализираат во рамките на НАТО.

„Нашите воени вежби (во Источниот Медитеран) се реализираат во рамките на правилата на НАТО.“ - рече Чавушоглу.

Потсетувајќи дека имаше одредени иницијативи на Европската унија (ЕУ) и НАТО во врска со Источниот Медитеран, Мевлут Чавушоглу го рече следното: „Грција, велејќи 'не' за иницијативите во последно време (за компромис), јасно покажа дека не е на страната на дијалогот.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу укажа на значењето од принципиелно и чесно однесување и го додаде следното: „Ако Грција има доверба во себе нека седне на масата (за дијалог). Пред сите да каже дека е во право. И ние имаме што да кажеме.“

 



Слични вести