Во операција кај Битлис се неутрализирани двајца барани терористи во категориите со портокалова и сива боја

Вчера е реализирана антитерористичка операција во подрачјето на Сехи кај Битлис во која се неутрализирани 6 мина терористи од кои двајца барани терористи од категориите означени со портокалова и сива боја

1486164
Во операција кај Битлис се неутрализирани двајца барани терористи во категориите со портокалова и сива боја

Во реализирана антитерористичка операција вчера во подрачјето на Сехи кај градот Битлис, во југоисточниот дел на земјата, се неутрализирани 6 терористи од кои двајца барани терористи од категориите означени со портокалова и сива боја.

Во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност од страна на жандармериските командоси и специјалните жандармериски сили (JÖH) при градската Команда на жандармеријата, а со поддршка и на жандармериско беспилотно летало (Ж-СИХА или J-SİHA), вчера е реализирана антитерористичка операција во подрачјето на Сехи кај Битлис во која се неутрализирани 6 мина терористи.

Установено е дека едниот од неутрализираните терористи е жената терорист Озлем Атсак позната под кодното име „Рохани Дерсим“, т.н. одговорна за женскиот огранок на терористичката организација од списокот на барани терористи од категоријата означаена со портокалова боја.

Еден друг од неутрализираните терористи, е терористот Ридван Ерјилмаз познат под кодното име „Азад Шореш“ од списокот на барани терористи од категоријата означаена со сива боја.

 



Слични вести