Во напад на терористите во Идлиб во Сирија загина еден турски војник

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализиран напад од страна на терористите во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија, стана шехид (го загуби животот, загина) еден турски војник

1485849
Во напад на терористите во Идлиб во Сирија загина еден турски војник

Во реализиран напад од страна на терористите во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, стана шехид (загина) еден турски војник.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува дека еден ранет турски војник во реализиран напад од страна на терористите во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија беше префрлен во болница, но и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и стана шехид (го загуби животот).

Во соопштението се вели следното: „На нашиот честит шехид кој го загуби животот во овој тажен настан којшто не облеа во длабока тага и болка му посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до неговото семејство, до Турските вооружени сили (ТВС) и до нашиот племенит народ, посакуваме трпение.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар исто така објави порака со сочувство за турскиот војник кој стана шехид (загина) пешадискиот постар десетар Сердар Аслан.



Слични вести