Реакција од Турција против Франција во врска со учебникот со пропаганда на терористичката ПКК/ЈПГ

Портпаролот на МНР Хами Аксој покажа реакција против пропагандата на идеологијата на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во учебникот којшто ќе се изучува во последна година гимназија во училиштата во Франција

1485975
Реакција од Турција против Франција во врска со учебникот со пропаганда на терористичката ПКК/ЈПГ

Турција покажа реакција против Франција кадешто во наставната програма е внесена пропаганда на идеологијата на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Портпаролот на Министерството за надворшени работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со пропаганда на идеологијата на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ внесена во учебникот по предметот историја и географија што ќе се изучува во последна година гимназија во училиштата во Франција.

Велејќи „Во учебникот подготвен од страна на една издавачка куќа за изучување во гимназиите во Франција, во врска со Курдите се внесени изрази во правец на идеологијата на сепаратистичко-терористичката организцаија ПКК/ЈПГ“, Аксој истакна дека јасно стои тоа оти оваа пропаганда на тероризмот којашто е резултат на официјалните политики на Франција е реализирана со добиеното охрабрување од оние кои ги пречекуваат таканаречените претставници на терористичката организација, во претседателските палати.

Хами Аксој нагласи дека буди загриженост тоа што Франција својот избор во надворешната политика речиси по секое прашање го гради над настроеноста и непријателството против Турција и додека се прави тоа се презентираат обиди за искривоколчување на историските вистини и на правото.

„Француските органи, нашите операции за борба против тероризмот коишто ги реализираме во рамките на почитувањето на територијалниот интегритет на Сирија и во правец на воспоставување на безбедноста и стабилноста во регионот, ги окарактеризираа како обид за окупација. Во позадината на овие неосновани обвинувања лежи длабоката разочараност којашто произлегува од ударот којшто го нанесовме со операцијата Извор на мирот, врз плановите за формирање на терористичка држава.“ - рече Аксој.

Тој напомена дека се уште важат ставовите и предупредувањата во претоходните соопштенија коишто се објавени во врска со поддршката на Франција на терористичката организација која претставува закана од животно значење против националната безбедност на Турција и тоа што оваа земја инсистира во нејзината грешка да ги смета за исти терористичката ПКК/ЈПГ и Курдите во Сирија. 

Инаку, во учебникот внесен во наставната програма во гимназиите во Франција во делот под наслов „Нација без своја држава: Курдите“ зазема место изразот дека „Курдите се најголемата нација во светот без држава“.

Во книгата се користат хронолошки информации за историјата на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, а воедно се наоѓаат и информации за Пешмергите.

Во книгата, исто така, има и обележја коишто ја симболизираат ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичката ПКК, како и фотографии на терористи.



Слични вести