Претседателот Ердоган: Турција веќе е земја која располага со право на збор во својот регион

Претседателот Ердоган, по одржаниот состанок на претседателскиот кабинет во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, којшто траеше 4 часа, истакна дека Турција веќе е земја која располага со право на збор во својот регион

1486508
Претседателот Ердоган: Турција веќе е земја која располага со право на збор во својот регион
Erdoğan.2.jpg
Erdoğan.1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, по одржаниот состанок на претседателскиот кабинет во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, којшто траеше 4 часа даде значајни изјави.

Правејќи проценка на растечката тензија во Источниот Меидтеран и во Егејското Море, претседателот Ердоган во својот говор рече дека Турција со стекнатата самодоверба до денеска веќе е земја која располага со право на збор во својот регион и без да го изговори директно нејзиното име и се обрати на Грција со следните зборови:

„На крајот како така ќе ја прифатат оваа вистина и оние кои без да извлечат поука од историјата, во Источниот Медитеран и во Егејското Море се обидуваат да доведат до состојба на свршен чин негирајќи ги притоа (сметајќи ги за ништовно) правото и законите на Турција. За оние кои по цена на доведување во опасност на безбедноста и просперитетот на сопствените граѓани се испречуваат пред Турција велам толку отворено: тогаш кога ќе дојде моментот се плашам (се надевам) дека нема тешко да ја платат цената за тоа.“

Велејќи дека со жалење се следат неправедните и незаконските иницијативи коишто се применуваат против активностите што се водат потипирајќи се на договорите во согласност со меѓународните правила, на чело со основата на Обединетите нации (ОН), претседателот Ердоган го рече следното: „Европските земји кои не можеа да положат добар испит на Кипар, во Сирија и во Либија, во најмала рака се надеваме дека ќе следат една доследна (конзистентна) линија во Источниот Медитеран.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде и тоа дека Турција исто како и при безбедноста на своите граници, ќе продолжи да следи одлучна и активна политика до крај и по прашањето на своите права во Источниот Медитеран.



Слични вести