Претседателот Ердоган и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел разговараа за Источниот Медитеран и односите меѓу Турција и ЕУ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел посветен на случувањата во Источниот Медитеран и односите меѓу Турција и ЕУ

1485853
Претседателот Ердоган и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел разговараа за Источниот Медитеран и односите меѓу Турција и ЕУ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во телефонскиот разговор помеѓу Ердоган и Мишел беа разгледани случувањата во Источниот Медитеран и односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Претседателот Ердоган, во разговорот истакна дека Европската унија (ЕУ) треба да ја исполни својата обврска што и се паѓа во рамките на праведноста (правичноста), во спречувањето на чекорите на Грција и на некои земји членки на Европската унија (ЕУ) со коишто се зголемува затегнатоста во Источниот Медитеран и Егејското Море.

Во разговорот, претседателот Ердоган нагласи дека провоцирачките изјави и чекори на европските политичари во однос на регионалните прашања нема да бидат во услуга на решението и истакна дека ставот што ќе го презентира Европската унија (ЕУ) во Источниот Медитеран ќе претставува тест на искреност од аспект на меѓународното право и регионалниот мир.

Освен тоа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во остварениот телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ги повика институциите на Европската унија (ЕУ) и земјите членки на Унијата да бидат праведни, неутрални и објективни и да се однесуваат одговорно во однос на сите регионални прашања, на чело со Источниот Медитеран.



Слични вести