Ердоган: Не дозволивме ниту колапс на здравствениот систем, ниту да замре економијата

Претседателот Ердоган истакна дека за време на епидемијата на Ковид-19 не беше дозволено да дојде ниту до колапс на здравствениот систем, ниту да замре економијата на Турција

1486318
Ердоган: Не дозволивме ниту колапс на здравствениот систем, ниту да замре економијата
Erdoğan.2.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата за презентација на осигурувањето на Турција што се одржа во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во претседателската палата, во Бештепе, во Анкара.

Овде претседателот Ердоган истакна дека за време на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) не беше дозволено да дојде ниту до колапс на здравствениот систем, ниту да замре економијата на Турција. 

Претседателот Ердоган во врска со епидемијата на Ковид-19 го истакна следното: „Голем број држави беа затечени неподготвени пред оваа епидемија. Државите материјално подобри од нас се соочија со тешкотии во бројни сфери по прашањето на јавната безбедност и здравствените потреби. Светот е влезен во еден нов период кога ништо нема да биде како порано.“

Велејќи 6во прогнозите за глобален раст се оди на ревидирање надолу и дека големите економии како што се Соединетите Американски Држави (САД), Германија, Јапонија и Велика Британија се потресени од пандемијата, претседателот Ердоган, ја изнесе следната констатација: „Вистина е и тоа што и ние сме подложени на негативно влијание, меѓутоа во споредба со остантите успеавме ова влијание да го држиме на минимално ниво.“

Претседателот Ердоган истакна дека во период кога инвестициите во целиот свет се дојдени до точка на застој Турција им придаде интензитет на своите инвестирања и трската економија повторно е поставена на своите шини. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека пандемијата ги отвори и прозорците на нови можности и дека затоа од овој процес Турција заедно и со другите сфери ќе излезе зајакнета и во економијата.

 



Слични вести