Успешно продолжува заедничката воена вежба на Турција и Турската Република Северен Кипар

Успешно продолжува заедничката воена вежба на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) којашто се реализира во Источниот Медитеран и која ќе трае до 10 септември 2020 година

1485752
Успешно продолжува заедничката воена вежба на Турција и Турската Република Северен Кипар

Министерството за национална одбрана соопшти дека успешно продолжува воената вежба „Шехит капетан Џенгиз Топел Средоземноморска бура“ во Источниот Медитеран. 

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека со учество на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) продолжува воената вежба „Шехит капетан Џенгиз Топел Средоземноморска бура“ која се реализира планирано секоја година.

Во соопштението се вели дека воената вежба која се реализира во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе трае до 10 септември 2020 година, а воедно се нагласува дека во рамките на воената вежба се има за цел да се развие меѓусебната обука, соработка и можноста за заедничко работење помеѓу Командата на Турските мировни сили на Кипар и Командата на силите за безбедност на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Во соопштението се подвлекува дека воената вежба со учество и на елементите на воздушните, поморските и копнените сили од Турција се реализира со вежби за обединета заедничка офанзива, воздушен напад, борбена операција за пребарување и спасување и едновремено вежби на баталјонските сили на задача.

Во истото соопштение воедно се доставува и информацијата дека воената вежба во која се употребуваат системи на оружје и муниција на Турција развиени со домашни и национални можности, продолжува успешно како што е и планирано.



Слични вести