Турција изрази „длабока загриженост“ од одлуката на Србија за пренесување на Амбасадата во Ерусалим

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува следното: „Ја дочекуваме со длабока загриженост одлуката на Србија за пренесување на својата амбасада во Израел во Ерусалим (Кудс)“

1485453
Турција изрази „длабока загриженост“ од одлуката на Србија за пренесување на Амбасадата во Ерусалим

Турција соопшти дека ја дочека до „длабока загриженост“ одлуката на Србија за пренесување на својата амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува следното: „Ја дочекуваме со длабока загриженост одлуката на Србија за пренесување на својата амбасада во Израел во Ерусалим (Кудс).“

Во соопштението се истакнува дека анексијата на Ерусалим (Кудс) од страна на Израел се негира од страна на меѓународната заедница и Обединетите нации (ОН) и се вели следното: „Со различни резолуции на Обединетите нации (ОН) повеќепати е нагласено дека палестинското прашање може да се реши само со формирање на независна и суверена држава Палестина во географски континуитет на основа на границите од 1967 година чиј главен град ќе биде Источен Ерусалим (Кудс). Додека состојбата е оваа, пренесувањето на амбасадата на било која земја во Израел во Ерусалим (Кудс) ќе претставува јасно кршење на меѓународното право.“

„Ги повикуваме сите земји да се придржуваат кон резолуциите на Обединетите нации (ОН), да го почитуваат историскиот и правниот статус на Ерусалим (Кудс) и да избегнуваат од фрлање на чекори коишто ќе го отежнат уште повеќе решавањето на израелско-палестинскиот спор.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.

Инаку, претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп во објавеното соопштение завчера соопшти дека Косово ќе ги нормализира своите економски односи со Србија и дека Србија авојата амбасада во Израел од Тел Авив ќе ја пренесе во Ерусалим (Кудс).



Слични вести