Реакција од Турција против одлуката на Косово за отворање своја амбасада во Ерусалим (Кудс)

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Буди разочараност дури и размислувањето од страна на косовските функционери за еден ваков чекор којшто ќе претставува отворено кршење на меѓународното право“

1485622
Реакција од Турција против одлуката на Косово за отворање своја амбасада во Ерусалим (Кудс)

Турција покажа реакција против одлуката на Косово за отворање на својата Амбасада во Израел, во Ерусалим (Кудс).

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува следното: „Буди разочараност дури и размислувањето од страна на косовските функционери за еден ваков чекор којшто ќе претставува отворено кршење на меѓународното право.“

Во соопштението се потсетува Турција се наоѓа меѓу земјите кои први го признаа Косово, а воедно долго време како дава голема поддршка и на напорите на оваа земја за нејзино признавање на меѓународната арена.

„Меѓутоа не го сметаме за правилно овој процес да биде изграден спротивно на меѓународното право и поготово над болките на палестинскиот народ чии територии се наоѓаат под окупација.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција. 

Во соопштението исто така се упатува повик до Косово и се истакнува дека со различни резолуции на Обединетите нации (ОН) повеќепати е нагласено дека палестинското прашање може да се реши само со формирање на независна и суверена држава Палестина во географски континуитет на основа на границите од 1967 година чиј главен град ќе биде Источен Ерусалим (Кудс). 

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се додава и следното: „Го повикуваме лидерството на Косово да се придржува кон наведените одлуки да избегнува од фрлање на вакви видови чекои коишто би можеле да им наштетат на историскиот и правниот статус на Ерусалим (Кудс) и да го спречат признавањето на Косово во иднина од страна на други држави.“



Слични вести