МНО сподели специјално видео за последната состојба на бродот „Оруч Реис“

Ние сме со вас за рализирање на мисијата која е од голема важност за нашата земја и нашата нација

1485799
МНО сподели специјално видео за последната состојба на бродот „Оруч Реис“

Министерството за национална одбрана (МНО) сподели специјално видео кое ја прикажува последната состојба на истражувачкиот брод Оруч Реис на теренот, кој продолжува со своите активности во Источниот Медитеран.

Специјалното видео споделено на веб-страницата на Министерството за национална одбрана вклучува радио говор помеѓу бродот кој спроведува истражувачки активности во Источниот Медитеран и сегментитена командата на поморските сили кои го придружуваат.

Видеото, во кое најновата состојба на истражувачкиот брод Оруч Реис на теренот се објаснува со фотографии сликани од хеликоптер, започнува со објавата од страна на фрегатата ТЏГ Гедиз.

Вториот командант на ТЏГ Гедиз, во објавата преку безжиниот уред вели:

"Ние сме со вас за рализирање на мисијата која е од голема важност за нашата земја и нашата нација. Веруваме дека вашата работа ќе даде добра вест на нашата племенита нација. Решителни сме во заштитата на морето, правата и интересите рамките на границите на Сината татковина. Силата и молитвите на Турските поморски сили и 83 милиони граѓани се со вас“.

Од истражувачкиот брод Оруч Реис беше објавена следната објава:

"Свесни дека нашата херојска флота е тука за нас, ни обезбедува можност да работиме безбедно. Активностите коишто ги реализираме во рамките на поморските јурисдикции на нашата земја имаат научен и технички карактер.  Заедно со вас решително, бестрашно ќе продолжиме да работиме и без колебање за остварување на поморски права интереси на нашата земја“.

Видеото завршува со фотографии од истражувачкиот брод Оруч Реис и припадниците на командата на поморските сили кои го придружуваат и го штитат.

МО во врска со фотографиите ја сподели следната порака:

"Силно, решително и моќно. Фрегатите и корветите на нашите поморски сили со голема решителност продолжуваат со својата должност да го придружуваат / штитат истражувачкиот брод Оруч Реис, кој со истражувањата продолжува да работи во рамките на нашите јурисдикции во Иточниот Медитеран. Нема да се дозволи никакво беззаконие и насилство во регионот".



Слични вести