Либискиот премиер Сараџ на прием кај претседателот Ердоган во Истанбул

Приемот во дворецот Вахдеттин во Истанбул започна во 14:10 часот по турско време, во моментов продолжува и е затворен за медиумите

1485671
Либискиот премиер Сараџ на прием кај претседателот Ердоган во Истанбул

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го прими либискиот премиер Фајез ал-Сараџ.

Приемот во дворецот Вахдеттин во Истанбул започна во 14:10 часот по турско време, во моментов продолжува и е затворен за медиумите.

Како што се истакнува, на приемот освен поддршката којашто и ја дава Турција на легитимната Влада на Либија на чело со премиерот Фајез ал-Сараџ се прави проценка и на дипломатските чекори коишто се фрлаат за решавање на проблемите во Либија.

Двајцата лидери, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и либискиот премиер Фајез ал-Сараџ, се очекува да разговараат и за иницијативите за траен прекин на огнот во земјата и за прашања посветени на соработката во Источниот Медитеран.



Слични вести