Заедничка воена вежба од Турција и Турската Република Северен Кипар

Воената вежба „Шехит капетан Џенгиз Топел Средоземноморска бура“ со учество на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе се реализира помеѓу 6 и 10 септември во Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

1485207
Заедничка воена вежба од Турција и Турската Република Северен Кипар

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе реализираат заедничка воена вежба.

Во објавеното соопштение од Командата на поморските сили се истакнува дека воената вежба „Шехит капетан Џенгиз Топел Средоземноморска бура“ со учество на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе се реализира помеѓу 6 и 10 септември во Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Воената вежба со учество и на елементите на воздушните, поморските и копнените сили од Турција ќе се реализира со вежби за обединета заедничка офанзива, воздушен напад, борбена операција за пребарување и спасување и едновремено вежби на баталјонските сили на задача.

Во соопштението се нагласува дека цел на воената вежба којашто се реализира планирано секоја година е да се развие меѓусебната обука, соработка и можноста за заедничко работење помеѓу Командата на Турските мировни сили на Кипар и Командата на силите за безбедност на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).



Слични вести