Во операциите „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак се неутрализирани 320 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека со операциите „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) коишто продложуваат во северниот дел на Ирак се неутрализирани 320 терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1485333
Во операциите „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак се неутрализирани 320 терористи

Со операциите „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) коишто продложуваат во северниот дел на Ирак се неутрализирани 320 терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека успешно се завршени активностите за пребарување на теренот во рамките на операциите „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) коишто беа започнати на 16 јуни 2020 година во областа Хафтанин во северниот дел на Ирак.

Во соопштението се вели дека досега во операциите „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) се неутрализирани 320 терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и се подвлекува следното: „Нашите јуначки командоси влегоа во сите засолништа, скривници и пештери и ги срамнија со земјата терористичките дупки.“



Слични вести