Во операциите „Молња“ досега се неутрализирани 38 терористи, а во месец август 81 терорист

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли истакна дека во операциите „Молња“ од почетокот на годината досега се неутрализирани 38 терористи, а во месец август 81 терорист

1485318
Во операциите „Молња“ досега се неутрализирани 38 терористи, а во месец август 81 терорист

Од почетокот на годината досега по пат на убедување се предадоа 146 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли даде изјави во врска со борбата против тероризмот.

Чатакли истакна дека во рамките на операциите „Молња“ коишто се реализираат внатре во границите на земјата од почетокот на годината досега се неутрализирани 38 терористи, уништени се 63 засолништа и скривници, а воедно по пат на убедување се предадоа и 146 терористи.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли напомена дека во месец август се неутрализирани 81 терорист меѓу кои и еден од списокот на барани терористи од категоријата означена со портокалова боја и 5 терористи од категоријата со сива боја, а воедно додаде дека се запленети и големи количини опојни дроги на терористичката организација.

Во меѓувреме пак, во реализирана операција поддржана од воздух во руралното подрачје на градот Ван се неутрализирани двајца вооружени терористи. 

Операцијата во подрачјето продолжува.



Слични вести