Претседателот Ердоган: Здравствениот систем на Турција стои цврсто исправен на нозе

Претседателот Ердоган говореше на церемонијата на свечено отоврање на Градската болница Ѓозтепе во Истанбул, кадешто истакна дека здравствениот систем на Турција стои цврсто исправен на нозе

1485346
Претседателот Ердоган: Здравствениот систем на Турција стои цврсто исправен на нозе

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата на свечено отворање на Градската болница проф- д-р Сулејман Јалчин во Ѓозтепе, во Истанбул, кадешто истакна дека здравствениот систем на Турција стои цврсто исправен на нозе.

Ердоган во својот говор поака болницата да биде аирлија (да послужи за доброто) за Истанбул,  земјата и народот, по што продолжи со следните зборови: „Значењето на потфатите коишто ги реализира Турција заедно со другите сфери и во здравството, беа подобро разбрани во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).“

Претседателот Ердоган напомена дека со Градската болница проф- д-р Сулејман Јалчин во Ѓозтепе, во Истанбул, се ставени во функција 16 градски болници во земјата.

Велејќи дека и покрај порастот во послендо време во бројот на новите случаи на зараза од Ковид-19 и бројот на заболените на интензивна нега здравствениот систем на Турција стои цврсто исправен на нозе, Ердоган рече: „Сите заедно треба да го надминеме (победиме) епидемиското зло.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде и следното: „Само со одговорно однесување би можеле да го платите правото на нашите луѓе кои со самопожртвуваност ја извршуваат својата задача, на чело со нашите здравствени работници.“



Слични вести