Претседателот Ердоган го прими Нечирван Барзани, претседателот на Регионалната курдска управа на Ирак
Приемот се одржа во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, беше затворен за медиумите и траеше 1 час и 15 минути

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го прими претседателот на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани кој допатува во посета на Анкара кадешто остварува низа средби и разговори.
Приемот се одржа во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, беше затворен за медиумите и траеше 1 час и 15 минути.
Во текот на денот, Нечирван Барзани се состана и со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
На оваа средба беа разгледани билатералните односи на чело со заедничката борба против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со средбата објави соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер кадешто го напиша следното: „Ги примивме претседателот на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани и делегацијата во негова придружба. Разговаравме за нашите односи на чело со заедничката борба против ПКК.“