МНР: „Турција е спремна на безусловен дијалог со Грција“

Преговорите насочени за разградување (деконфликција), се однесуваат на претходно изнесените регулативи на билатерално ниво меѓу воените претставници на двете земји

1484454
МНР: „Турција е спремна на безусловен дијалог со Грција“

Турција соопшти дека е спремна на безусловен дијалог со Грција во однос на Источниот Медитеран.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи (МНР) беше истакнато следното:

„Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг започна иницијатива за намалување на тензиите меѓу турската и грчката страна во Источниот Медитеран како и спречување на евентуалните несреќи меѓу поморските  копнени сегменти на двете страни.

Турција ја поддржува оваа иницијатива на генералниот секретар кој како што рече има за цел да ги започне воено-техничките преговори меѓу двете земји под покровителство на НАТО.

Преговорите насочени за разградување (деконфликција), се однесуваат на претходно изнесените регулативи на билатерално ниво меѓу воените претставници на двете земји, а не за решавање на билатералните проблеми меѓу Турција и Грција.

Турција изразува спремност за започнување безусловен дијалог со Грција во однос на сите прашања во рамките на меѓународното право, праведноста за изнаоѓање мировно решение, поради што беше упатен повик до грчката страна да ја поддржи оваа иницијатива“ беше истакнато во соопштението на МНР.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека е постината согласност меѓу Турција и Грција за одржување технички преговори за формирање механизми за спречување на евентуалните судири.



Слични вести